Зимска улична мода во пастелно сини нијанси

17 декември 2018

Пастелниот колорит во зима ни носи романтично расположение.

Ако сте меѓу „непоправливите романтичари", веројатно ќе ви се допадне изборот на зимски парчиња обоени во пастелни нијанси, актуелни и оваа сезона.

Денеска акцентот го ставаме на пастелно сините нијанси што и зимава се присутни во актуелните тенденции. Макси капутите во пудресто сина нијанса се особено популарни, па често ќе ги видите во комбинациите кај познатите модни блогерки.

Нежните сини тонови се актуелни и кога се во прашање модните додатоци како: крзнените и плетените шалови, зимските шешири, чантите, ракавиците...

Одбравме неколку интересни изданија од уличната мода како идеја како може да ги имплементирате нежно сините нијанси во вашиот секојдневен стил.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
17 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.365 пати