Зимски стилски комбинации по примерот на блогерката Мадина

12 јануари 2024

Од модните блогерки на Инстаграм за денес ја одбравме Мадина Арчакова која што на своите 70 илјади следбеници редовно им дели модни совети преку стилизирани комбинации.

Особено убави се нејзините зимски изданија кај коишто преовладуваат неутралните тонови и актуелната бургунди нијанса.

Мадина креира совршени кежуал комбинации, а според она што може да се види омилено парче и е капутот во разни варијанти, а честопати се одлучува и за патики.

Нејзината облека е комотна и тренди со доза на префинетост и топлина која што одговара на секоја прилика.

Погледнете го нејзиниот мал фото водич.

Објавено:
12 јануари 2024
Категорија: 
Тренд