Зимски тренд: здолништа со принт

3 јануари 2019

Принтовите носат шареноликост во секоја сезона, па токму затоа дизајнерите честопати ги фаворизираат во своите дизајни.

Зимава повторно е во знакот на принтовите, со акцент на животинските.

Едно од омилените парчиња што им дава роматична нота на зимските аутфити, се здолништата со принт, од оние со лелеава линија до здолништата со прав крој.

Супер комбинација е онаа со вакво здолниште и плетен џемпер, заокружени со топол, макси капут.
Здолништата со принт одлично се вклопуват и со чизмите над колена, со предимензионираните блејзери и со елегантни кошули или маички со натпис, што исто така се тенденција.

Актуелни се и во уличната мода, каде модните трендсетерки ги комбинираат во своите инвентивни аутфити, секогаш инспиративни за нивните следбеници на социјалните мрежи.

 

Објавено:
3 јануари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.233 пати