Американскиот бренд The Row зад којшто стојат сестрите Олсен, креираше везен топ кој што чини речиси 5.000 евра.
Извршната директорка за мода и убавина на Вог, Лиса Ајкен, како и моделот Роузи Хантингтон Вајтли веќе го закачија во нивниот гардеробер.
Везениот топ е инаку дел од летната колекција 2023, на близначките Мери Кејт и Ешли, а се состои од две споени парчиња со бела и зелена боја.
Моделот е изработен рачно во Италија, но сепак ни тоа не е оправдување за енормно високата цена од 4.860 евра.
Најверојатно станува збор за престиж и фактот што ова парче може да се купи исклучиво во продавница.
Дури ни самите Олсен сестри го немаат ставено овој топ на својот е-shop.
Со оглед на тоа што моделот се состои од две везени миленца, доколку наидете на нешто слично од вашите баби, можете слободно да искреирате реплика.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram