4 брзи неуредни пунџи за секој ден

8 јануари 2014

Било да имате лош ден за фризура, косата не сте ја испрале или не сакате да трошите време на нејзино средување, еве предлози за четири брзи неуредни пунџи.

Не треба да бидете експерт за да ги направите, а се што ви е потребно е: чешел, шноли и ластици за коса. Ако имате шампон за суво миење, уште подобро.

 

Неуредните пунџи се многу едноставни за изведба, а вашиот изглед со нив може да биде романтичен во зависност од видот на гардеробата и деталите што ги комбинирате. Од видеото во продолжение погледнете ги предлозите за вакви брзи фризури што можете да ги носите како преку ден така и за навечер.

 

Објавено:
8 јануари 2014
Категорија: 
Убавина