Априлски акции во Cosmo Tinex на кои не можете да им одолеете!

6 април 2017

Вашите омилени Cosmo Tinex дрогерии повторно изненадуваат со специјални акции и попусти кои дефинитивно се добредојдени во овој прекрасен месец април.

Доколку месецов имате некој роденден или пак едноставно сакате да се почестите себеси со некој прекрасен парфем или козметика, тогаш во Cosmo Tinex дрогерии ќе најдете сѐ што ви е потребно.

Април во Cosmo Tinex е месец на Issey Miyake, па задолжително одберете некој од прекрасните парфеми кои ќе ги најдете дури и на 25 проценти попуст.

Само овој месец ќе најдете и супер намалување на цела линија на Estee Lauder – Advanced Time Zone, па така ќе можете да си набавите некоја од нивните прекрасни креми и дел од производите од нивната секогаш неодолива козметика.

Како и секогаш, во Cosmo Tinex дрогерии и овој месец ќе најдете супер сетови на попуст кои се совршени за подарок, но и за вас, спакувани во слатки кутии со уште подобри производи.

Она што особено радува е намалувањето на огромен дел од декоративната козметика од популарните брендови, а и самите знаете дека пролетта е совршено време за обновување на колекцијата, особено со нови и свежи бои.

Не пропуштајте го и намалувањето на производите за коса од некои од вашите омилени производители и оваа пролет дозволете си нега како никогаш досега.

Како и секогаш, со одредени купени производи ќе добиете и супер подарок, а сѐ што треба да направите е да побрзате во Cosmo Tinex дрогерии уште денеска!

Објавено:
6 април 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
4.044 пати