Би ставале ли кармин со Лејди Гага

3 ноември 2013

Лејди Гага Лејди Гага

Една обожавателка на модата, Меј Сам од Хонг Конг, својата фасцинација од модните икони ја издигна на ниво што создаде нивни скулптури на кармин.

За изработката на кармин-скулптурите уметничката користи тенки алатки, за да создаде 3Д портрети на некои од највлијателните фигури од шоубизнисот и да ги продаде по цена од 280 до 420 фунти по парче. Кога се боите во прашање, застапени се црвените нијанси, виолетови, до пинк, кафеави тонови, до пудрени нијанси и портокалови.

Така, оваа уметничка изработи портрети од кармин на Мадона, Лејди Гага, Коко Шанел, Твиги, Кејт Мос, Вивијан Вествуд, Ана Винтур, Викторија Бекам Дајана, како и ликови од грчаката, римската и египетската митологија...

За една скулптура и се потребни од 10-12 часа, додека за некои покомплицирани дури и недела дена и повеќе.

Погледнете ја нејзината работа во продолжение.

Сузи Бабл, Ана Винтур, Кејт Мос, Коко Шанел Сузи Бабл, Ана Винтур, Кејт Мос, Коко Шанел

Твиги, Елизабет Тејлор како Клеопатра, Одри Хепберн Твиги, Елизабет Тејлор како Клеопатра, Одри Хепберн

Викторија Бекам Викторија Бекам

 

Вивијан Вествуд, Ирис Апфел Вивијан Вествуд, Ирис Апфел

инспирација од грчка митологија и ренесанса инспирација од грчка митологија и ренесанса

Објавено:
3 ноември 2013
Категорија: 
Убавина