Домашни маски за блескава кожа

14 август 2013

lb21

Истакнете ја својата природна убавина со помош на овие едноставни „направи сам“ маски за вашиот тип кожа и текстурата на вашето лице значително ќе се подобри, а најдобро од се е што не содржат штетни состојки.

За сува кожа

Две лажици мед помешајте со една лажица јаболков оцет. Добро промешајте и нанесете на лицето. Оставете да делува 15-20 минути. Послет тоа добро измијте се со млака вода. Медот делува како природен хидратант на кожата, па ја освежува сувата кожа, додека оцетот одржува нормална ph вредност.

За мрсна кожа

Две лажици јогурт помешајте со една лажица сок од исцеден лимон. Помешајте ги состојките и нанесете на лице, но и на вратот, па оставете да делува 30 минути. Кога маската ќе се стегне, измијте го лицето со млака вода. Јогуртот помага во борбата против старечки пеги и чистење на порите, додека лимоновиот сок помага во редуцирање на дамките од акни.

За нормална кожа

Користете срж од папаја или банана, нанесете ја на лице и оставете да стои дваесетина минути. Ова помага во целосно чистење на кожата. Пулпата од папјата ќе помогне во редуцирањето на старечките пеги и брчки. Можете да користите и масло од лимон за природно чистење на кожата: нанесете го на лице и оставете да делува пет минути, а потоа добро измијте ја со млака вода, а лицето забришете го лесни допири на крпа.

beauty-face1

Објавено:
14 август 2013
Категорија: 
Убавина
Тагови: 
лице маски