Џесика Ланг стана заштитно лице на Марк Џејкобс

28 февруари 2014

jessica-lange-marc-jacobs

Прекрасната 64-годишна Џесика Ланг е новото лице на кампањата за линијата за нега на Марк Џејкобс - Marc Jacobs Beauty. Убавината на легендарната актерка која сега е актуелна со „American Horror story“, во кампањата е истакната преку брановидна фризура (како онаа на Мерилин Монро), и шминка со smokey eyes ефект.

Како фотограф беше избран Дејвид Симс.

jessica-lange-marc-jacobs-2

Инаку, во последно време постои тренд, кој е за поздравување, повозрасните дами да се наоѓаат во улога на заштитни лица. Така, освен Џесика, заштитно лице на Lucky Brand е Лорен Хатон (70), а на Лореал е Дијан Китон (68).

-Знаете што е она што го имаат сите тие? Тие имаат совршена структура на коските. А и ниту една од нив не изгледа вештачки, како да правеле милион корекции на себе. Тие се уште личат на самите себе“, вели Кети Ли Гифорд.

Исто так,а значајна за новата линија козметички производи од Марк Џејкобс беше и коктел забавата во Париз, на која познати стилисти и инволвирани во светот на козметиката, дебарираа на тема зошто ги користат одредени козметички производи и како им помогнале. Коктел забавата го означи и стартот на продажба на козметиката на Џејкобс и во Европа. Претходно таа беше достапна само во Северна Америка и на Блискиот Исток.

Во продолжение погледнете ја и кампањата со Џесика за колекцијата на Марк Џејкобс за есен-зима 2013/14 како и атмосверата од коктел забавата од Париз.

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Убавина