Со ексклузивна коктел-промоција, минатата недела во ресторанот Daily food&wine во трговскиот центар Зебра, DP LUX GROUP којшто е официјален дистрибутер на глобалниот британски бренд Elemis во Македонија, ја откри тајната на негуваната и убава кожа.
Гостите имаа можност да се запознаат со производите поединечно преку демонстрации на козметичките производи во живо и да учествуваат во интерактивна сесија со прашања и одговори од страна на експертите за убавина од дистрибутерската куќа.
Присутните претставници на медиумите, инфлуенсери и јавни личности дознаа повеќе за линиите од брендовите Pro-Collagen, Dynamic Resurfacing и Superfood.
Elemis е еден од најпознатите брендови во категоријата производи наменети за нега на кожа, посветен на истражувања и развој повеќе од 35 години. Формулите на производите се изградени врз основа на клинички испитувања, сите се создадени со природни мириси и пријатни текстури, со што обезбедуваат луксузно искуство со резултати што можете веднаш да ги видите и почувствувате.
Брендот Elemis е посветен на откривањето на тајните за долговечноста на кожата, зајакнувајќи го нејзиниот природен одбранбен механизам и регенеративната моќ. Брендот се залага за креирање на формула која има интегритет: безбедност и ефикасност пред трендовите, долгорочни резултати и безбедност при користењето.