Fashionel ви препорачува: подароци за Денот на вљубените

10 февруари 2015

Љубовта неретко се раѓа од пријатниот мирис.

Мирисните ноти имаат таква моќ да не' вратат на некое место и време во нашите спомени или да не' потсетат нa пријатни мигови поминати со сакани личности.

Пријателите на Fashionel,  групацијата „Орбико“,  добро го знаат тоа па затоа топло ви препорачуваат да го изненадите вашиот партнер со парфем или козметички сет од нивната богата понуда, токму за Денот на вљубените.

Како генерални застапници на козметичките линии на престижните брендови како: Клиник, Есте Лаудер,  Дона Каран, Барбери, Версаче,  и уште многу други, групацијата „Орбико“  ви обезбедуваат широк избор на производи кои може да ги пакувате како неодоливо изненадување за Св.Валентин.

 

Trussardi – My Land

Машки мирис кој ја карактеризира вечната италијанска елегантност, моќ, софистицираност, едноставност и интензивна сензуалност. Мирис на елегантен маженствен Италијанец, активен и светски успешен.

 

Trussardi Donna

За прославување на 100 години постоење на брендот Trussardi, дизајнерите создаваат два нови мириса Trussardi Donna i Trussardi Uomo.

Женскиот мирис Donna Trussardi нуди цветна ориентална композиција креирана од  Nathalie Lorson.

Trussardi Uomo карактеризира една софистицирана елегантност поткрепена со нотите на лаванда, босилок и смрека кои не водат до срцето на мирисот кој е повеќе зачинет отколку цветен.

He Wood машки мирис од куката DSQUARED² претставен во 2007 година во ароматичено дрвен акорд.

DSQUARED² She Wood женски парфем креиран во соработка со парфимеристката Daphne Bugey и содржи три акорди – светол, интензивен и дрвен.

 

Споделете љубов спакувана во неодоливи мирисни ноти.

 

Објавено:
10 февруари 2015
Категорија: 
Убавина