Фото-епилатор Philips Lumea: Видливи резултати дури по првиот третман!

23 март 2016

На оние што редовно нè читаат и на оние што се во потрага по идеалниот начин на отстранување влакна, сигурно им е познат текстот во кој зборував за моето прво искуство со фото-епилаторот Philips Lumea Prestige.

За оние што пропуштиле да го прочитаат, а ги интересира овој начин на епилација, тоа можат да го сторат на линкот овде.

И еве, две недели по првиот третман,  повторно ги споделувам моите впечатоци со вас.

Морам да признам дека прилично бев возбудена што и после првата употреба на Philips Lumea Prestige резултатите беа веќе видливи! На одредени места на рацете и нозете не се појавија воопшто нови влакна, што ги надмина моите очекувања.

Сепак, вистинските резултати допрва ги очекувам – до 75 проценти од влакната треба да ги снема трајно после само три третмани. Ако после првиот веќе се помалку растат, тогаш после третиот и да не зборуваме, веќе нема да ги имам воопшто!

Со оглед на тоа дека го пробив ледот, употребата на Philips Lumea Prestige овој пат одеше многу полесно и побрзо.

Додека батеријата се полнеше (околу час и половина), јас го употребив моето стандардно електрично апаратче за депилација и ја подготвив кожата за интензивното светлосно пулсирање (IPL), принципот на кој функционира фото-епилаторот. Инаку, пред да го употребите можете да користите депилација со восок, бричење или епилатор, во зависност од тоа што најмногу ѝ одговара на вашата кожа.

Откако ја наполнив батеријата, го наместив интензитетот на 4 и започнав. Повторно го употребив лизгачкиот метод, бидејќи подобро се снаоѓам, а и побрз е. Како некој што има светол и нежен тен и кожа, при бричењето или користењето на креми за депилација, често се соочувам со црвенила и иритации, особено на понежните места. Но, со Philips Lumea Prestige навистина го немам тој проблем. Исто така, фото-епилацијата е безболна, на сите делови од телото за кои и се препорачува (раце, нозе, препони, пазуви и надусници).

Со оглед на тоа дека станав повешта, вкупното време за фото-епилацијата на сите делови беше околу 30-40  минути. Тоа време го трошам и во козметички салон, со таа предност што сега не морав да закажувам и да излегувам од дома.

Рацете и малите предели одат навистина бргу. Нозете се поголема површина, затоа и за нив е потребно повеќе време, но сè е навика. Исто така, важно е да го вршите третманот со соодветен интензитет, посочен во упатството.

На крајот го исчистив прозорчето на сите додатоци со марамчето што го добивате заедно со апаратот. Иако некогаш сите се брзаме и немаме време за овој последен чекор, важно е бидејќи така му се зголемува и употребата и ефикасноста на апаратот.

Следниот, трет третман е за две недели повторно. Тогаш веќе би требало и резултатите да се уште повидливи, што искрено чекам со нетрпение, особено во овој период кога времето се разубавува и кога од плакарот ги вадиме фустанчињата и здолништата.

До следното читање, за сите вас што сте на ум да го купите апаратот, можете да го најдете во продавниците на Нептун, а на линкот ги имате и дополнителните информации.

Објавено:
23 март 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.535 пати