Франческа Толт: стилистка за шминка на чии вештини Бијонсе остана верна 12 години

17 септември 2014

Никогаш не се сомневајте во својата дарба, доколку некој силно ви укажува и мотивира дека сте добри во некаква уметност. Тоа е девизата на искусната и славна стилистка за шминка Франческа Толт. Доколку треба да се запознати со некое влијателно име од козметичко- естетската индустрија, тогаш тоа дефинитивно е избраничката на многу славни ѕвезди. Дивата Бијонсе е само една нејзина редовна клиентка која цели 12 години остана верна на талентот на својата лична шминкерка.

 

Но, тука се и соработките со многу светски модни магазини, фотографи, музичари, актери,  стилисти, чии имиња стојат во обемното портфолио на Франческа. Кејт Мос, Џенет Џексон, Мадона, Клаудија Шифер, Елизабет Тејлор, сите се најдоа и во неодамна објавената обемната книга насловена „One Woman 100 Faces“, публикација во која се наоѓаат сите досегашни блескави ангажмани на Толт. Во врска околу своето искуство со Бијонсе, таа вели дека за неа 12 годишната соработка е остварување на сонот.

-Посебно бев среќна за време на снимањето на филмот „Dream girls“, а тоа за мене беше токму работа од соништата. Никогаш нема да го заборавам ниту снимањето на музичкиоте спотови на Мадона и Џенет Џексон  на кои бев ангажирана уште во далечната 1986 година. Секако, нема да ги исклучам ниту соработките со Елизабет Тејлор и Клаудија Шифер, но дефинитивно од сите најчесто работам со Бијонсе,  за секоја нејзина насловна страна, спот, едиторијал, а понекогаш дури и за нејзините секојдневни излегувања во јавност. Таа е толку нормална личност и нема никакви посебни барања. Постојано разменуваме идеи, па дури и кога не сме заедно таа знае да ми телефонира за одреден совет, вели Франческа.

Во продолжение погледнете дел од инвентивната работа на Франческа Толт.

Објавено:
17 септември 2014
Категорија: 
Убавина