Во пролет косата знае зачестено на паѓа, а и едноставно со будењето на целата природа, како да се буди и желбата за промена на изгледот.
Ако сте во потрага по инспирација за тоа како можете да ја стилизирате косата, ние пронајдовме неколку интересни предлози и тоа од наши познати дами.
Погледнете ги во продолжение:
Шишки + висока пунџа
View this post on Instagram
Шишките се апсолутен тренд кога е косата во прашање, а на Милена вака стилизирани одлично ѝ прилегаат. Во комбинација со висока бушава пунџа, доколку имате подолга коса, е супер пролетна варијанта. Ќе имате лежерна, а средена фризура, како да не сте се труделе премногу, а сепак сте во тренд!
Плетенки
View this post on Instagram
Ако сте спортски тип или едноставно сакате уредна фризура, „стегната“, тогаш плетенките се супер избор. Како тренд се провлекуваат веќе сезони наназад, а ништо поинаку нема да е ниту ова лето. Две странични како во случајот на Антониа Гигоска, или пак една позиционирана странично или централно, одберете сами според својот вкус.
Розеви прамени/розови нијанси
View this post on Instagram
Розовите нијанси на коса се едни од најпопуларните во моментов. Овој тренд беше актуелен и пред неколку години, а македонските познати дами не се плашат да го носат. Досега ги видовме и Тамара Тодевска, Антониа Гигоска, Туна... со ваква промена. Дани Димитровска носеше ваков стил уште во 2019 година, а сега повторно му се врати и тоа во форма на прамени, што одлично ѝ прилега.
Високо коњско опавче
View this post on Instagram
Класична фризура и нималку комплицирана, но речиси секогаш актуелна. Една од омилените и на пејачката Викторија Лоба, која често ја практикува. Со високо коњско опавче изгледате уредно, а супер избор е за во пролет, бидејќи можете да го стилизирате дополнително со шноли, украсни стегачи, марама...
Волуменозна и брановидна коса
View this post on Instagram
Поранешната Мис на Македонија и модел, Вера Мештеровиќ отсекогаш ја негува долгата коса. Неодамна направи промена, така што ја видовме со брановидна фризура со волумен, која изгледа женствено и впечатливо. Има ретро нота во овој изглед, кој сосема соодветствува на пролетта...