Грешки кои ги правите при фенирањето на косата

5 март 2014

Вистинскиот проблем настанува кога косата нема да испадне рамна како што вие очекувате, а при тоа изгледа суво и оштетено. Можеби ги правите следните грешки:

1. Неправилна четка за фенирање

Најголема грешка правите доколку користите метална четка која брзо се загрева од топлината на фенот. Затоа најдобро би било да користите кружна четка за фенирање, која ќе биде направена од природни и вештачки влакна.

2. Топлина и врел воздух

За девојките кои имаат виткана коса, се препорачува да користат средна топлина од фенот при обликување на косата бидејќи врелиот воздух само ќе ја исуши косата и ќе ја направи тешка за правење на фризура.

3. Задржување на фенот на едно место

Самото фенирање значи сушење на влакното, а доколку го задржувате фенот на едно место, само дополнително ќе ја оштетите косата. Затоа најдобро би било постојано да го движите фенот од едната до другата страна на главата.

4. Аголот под кој го држите фенот и четката за фенирање

Потрудете се четката да ја држите вертикално, а фенот хоризонтално и насочете го фенот кон внатрешната, а не надворешната страна.

5. Претерано влечење на косата со четката

Исправувањето на косата не треба да допринесе до брзо оштетување на влакното. Доколку сте решиле на ваков начин да ја исправите косата, тогаш бидете трпеливи и издвоените прамени поминете ги по неколку пати. На тој начин ќе имате долготраен ефект и коса која нема да биде оштетена од кинењето на врвовите.

Објавено:
5 март 2014
Категорија: 
Убавина