Холивудските дами буквално полудеа по кратката коса. Во рок од само неколку дена, можевме да видиме неколку холивудски диви кои значително ја скратија својата коса.
Овој викенд, ѕвездата на филмот „Игра на гладта“, Џенифер Лоренс, гордо ја покажа својата нова, „пикси“ фризура. Мора да признаеме дека на актерката истата одлично и прилега, иако изгледаше неодоливо и со нејзината долга, руса коса.
Деновиве со нова фризура не изненади и прекрасната Џенифер Анистон, која ја скрати својата коса дури до рамената.
Таа беше позната по нејзината модерна, степенаста фризура по која полудеа сите девојки во светот откако таа ја промовираше истата во серијата „Пријатели“.
Овој тренд на кратка коса кај холивудските диви се појави за време на летото, но по се изгледа дека нема намера да запре!