Следните осум супер здрави комбинации на намирници можат да направат вистинско чудо за вашата линија и здравје! Она што особено ќе ве израдува е тоа што овие комбинации се исклучително важни за вашата кожа, што добро треба да ја подготвите за топлите денови што ни претстoјат.
Во продолжение, погледнете ги совршено здравите комбинации и веднаш појдете до кујната!
Зелен чај и лимон
Зелениот чај содржи антиоксиданси што го чуваат срцето, но телото може да апсорбира само 20 проценти. Сепак, доколку во зелениот чај додадете и сок од лимон, ќе искористите дури 80 проценти од добрите состојки на чајот.
Зелен чај и бибер
Не морате да се изложувате на драстични диети за да имате потенка половина! Доволно е во една шолја зелен чај да ставите малку бибер. Биберот помага во апсорбирање на одредени антиоксиданси од зелениот чај кои помагаат во согорување на калориите и масните наслаги.
Домат и брокули
Овие две намирници се покажаа како одлични во борбата против ракот, но според некои истражувања, нивната делотворност е многу поголема ако ги јадете заедно. Следниот пат направете сос од шпагети од пола шолја брокули и една шолја свежи домати, секако пасирани.
Кајсии и бадеми
Доколку сакате здраво срце, измешајте четвртина шолја суви кајсии и четвртина бадеми и консумирајте го како ужина.
Јогурт и боровници
Веднаш по тренингот, телото најдобро ќе закрепне со чаша јогурт во кој ќе ставите две лажици боровница. Само 15 минути по вежбањето, боровницата ќе го покрене вашиот ум, а протеините од јогуртот ќе им помогнат на вашите мускули.
Домат и маслиново масло
Доматот е богат со алфа и бета каротин, ликопен и антиоксиданси, а за да го искористите најдоброто од тоа, во еден сад потпечете малку домати со маслиново масло.
Овесни снегулки и јагоди
Овесните снегулки содржат фитохемикалии кои влијаат на лошиот холестерол, но за да делуваат потребен им е витамин Ц. Во една шолја овесни снегулки исечкајте неколку јагоди што совршено ќе се вклопат во овој вкусен доручек!