Имате ретка и тенка коса? Обидете се со овие три фризури

2 ноември 2020

Тенката и ретката коса се чест проблем меѓу жените. Факт е дека таквиот тип и состојба на косата влијае врз самодовербата на секоја жена.

Но, за среќа постојат трикови и фризури со кои можеме да се послужиме и со кои тој недостаток да го сокриеме.

Стилистите откриваат неколку совети, а ние ви ги пренесуваме во продолжение:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by behindthechair.com (@behindthechair_com) onOct 23, 2020 at 1:19pm PDT

-Тенката коса не би требало да биде подолга од рамениците. Идеалната должина е до брадата, односно до крајот на ушите. Доколку се одлучите да имате должина под рамениците, тогаш пожелно е да носите и шишки, кои можат да бидат и подолги. За што и да се одлучите, убаво би било косата околу лицето да е пократка и разиграна, бидејќи ќе го отвори лицето.

-Боб е идеалната фризура за жени со тенка коса. Таквиот геометриски облик на фризурата, при што косата е поостро или поблаго шишана, ќе даде привид на густина на косата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rute_boazhair (@rute_boazhair) onOct 17, 2020 at 5:08pm PDT

 

-Слоевито скратената коса е исто така одличен избор. Пожелно е најкраткиот слој на косата малку да отскокне, па освен визуелно и на допир ќе имате впечаток дека косата има волумен и густина.

-Ако сакате да ја бојадисувате косата, а имате тенка и ретка, прамените и „преливите“ се најдобро решение. Комбинацијата на светли и темни прамени ќе создаде илузија на волумен, ќе се добие динамичности и длабочина.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared byBLONDES + BALAYAGE LOVER (@tialambourn_hair) onOct 21, 2020 at 11:30am PDT

-Тенката коса побрзо се масти, па пожелно е да се мие на секои ден-два со препарати за волумен на косата. И токму поради таквото одржување, пожелно е фризурата да е пократка. 

-На тенка коса не нанесувајте регенератор, затоа што веќе за неколку часа ќе биде мрсна. Користете средства за подобро расчешлување на косата, но специјално за масна коса. Исто така, кога ќе ја миете, немојте да ја триете силно со крпата за коса, затоа што лесно ќе се заплеткаат, потоа ќе дојде до кубење и оштетување на влакното.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Official Page Short Hair Ideas (@short_hair_ideas) onOct 22, 2020 at 6:42am PDT

-Освен шампон за волумен, користете и пена или спреј, а посебно добри се и препаратите во прав за волумен. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Official Page Short Hair Ideas (@short_hair_ideas) onJul 24, 2020 at 11:45pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Official Page Short Hair Ideas (@short_hair_ideas) onFeb 23, 2020 at 1:27pm PST

 

Објавено:
2 ноември 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
32.773 пати