Желбата да се биде успешен и поинаков од другите е стремеж на секој млад човек. Уште поубаво е кога предизвикот и целта која што си ја поставуваме станува реалност и сме дел од целиот процес. Ако светот им припаѓа само на храбрите и на успешните тогаш пример за тоа е младата фармацевтка Ирина Велевска која својата визија, идеја и желба ја претвори во реалност. Велевска дипломира и магистрира на Фармацевтскиот факултет во Скопје на катедрата по Фармацевтска хемија. За време на студирањето нејзина голема пасија е создавањето на различни формулации во чија ДНК се впишани формулите и решенијата на голем број кожни проблеми за различни видови кожа.
„Инспирација ми е љубовта кон развојот на нови производи и љубовта кон природата, односно како можеме ние природата да ја искористиме во наша корист. Голем предизвик , но и инспирација секако ми е кога некој ќе ми се пожали дека има кожен проблем и јас веднаш реагирам и размислувам како би можело тоа да се реши. Се надградувам постојано, се трудам максимално да го искористам мојот талент и природните убавини во остварувањето на мојата цел, бидејќи првенствено јас сум истражувач“, вели Велевска.
Последна голема цел на Ирина е да ги донесе во Македонија најновите светски трендови од областа на козметиката, односно новиот вид на козметика наречена ЖИВА или СИРОВА козметика.
“ЖИВА или СИРОВА козметика е најнов вид на козметика во светот, тоа подразбира дека за нејзина изработка се користат исклучиво сирови суровини како сиров какао путер, сиров ши путер,свежо цедени сокови од органско овошје и зеленчук, ледено цедено нерафинирани масла, сирови билки и етерични масла. Оваа козметика воопшто не содржи вештачки бои, ароми и презервативи, изработена е по уникатни технолошки постапки кој подразбираат мелење, дробење и микронизација на свежите суровини а потоа нивно соединување по ладна постапка на максимум 30 степени што овозможува задржување на сите полифеноли, фитостероли, ензими, витамин Ц и други фитохемиски соединенија во нивна првобитната форма и во иста концентрација како во појдовниот природен органски производ” објаснува Ирина.
-„Омега Рисрч“ е името на нашата фирма, што укажува дека сме ориентирани кон истажување на нови форми и облици на козметика која ќе биде корисна и безбедна за употреба кај луѓе со кожни проблеми како контактни и атпични дерматити, псоријаза и егземи – вели фармацевтката.
Предизвикот на еден пријател бил доволен стимул Ирина да се впушти во едно необично патување кое ќе биде клучен момент за кај младата фармацевтка да се роди идеја за сопствено производство на козметика.
-Мојот пријател ни постави за задача заедно да направиме крема за лице која ќе содржи само 3 компоненти од органско и домашно потекло, мацерат од невен, пчелен восок и какао путер, така и направивме и иако не бевме воодушевени од резултатот, сепак пофалбите кој ги доби кремата од моите пријатели, ме потикна да пристапам кон формулирање на нови козметички производи – објаснува Ирена.
Следејќи ги новите светски трендови „Омега Рисрч“ ги создаде следниве колекции:
1.CHOCOLATE BODYLICIOUS –КОЛЕКЦИЈА ЗА СУВА КОЖА
( BODY CLEANER, OILY BODY SCRUB, MASSAGE BODY BUTTER, SKIN SOFTENER)
Уникатна комбинација од ши путер, масла од јаткасти плодови, какао путер и 5% вистинско органско рендано чоколадо која изобилува со олеинска киселина и полифеноли кој имаат антиоксидантно дејство и ги заробуваат слободните радикали од кожата, го потикнуваат излачувањето на себум со што и ја даваат потребната масленост на кожата, а воедно и длабински ја хидрираат.
MINT AND CHOCOLATE MASSAGE BODY BUTTER
Комбинацијата на етерично масло од Mentha pierita, Eugenia caryophyllata и Coriandre со вистинското чоколадо и нерамната површина на цврстиот путер го прави одличен за масажа, пеперминтот ја разладува кожата, кариофилинот ја подобрува циркулацијата на површните делови а чоколадото му дава одлична арома на производот за вистинско уживање.
2. TEA AND HERBAL OILS-КОЛЕКЦИЈА ЗА ЧУВСТВИТЕЛНА И ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА
(BODY CLEANER, OILY BODY SCRUB, MASSAGE BODY BUTTER, SKIN SOFTENER)
Оваа комбинација од бадемово, рицинусово, чучково, невеново, кантарионово и ореово масло овозможува безбедна и корисна употреба кај луѓе со кожни проблеми, поради голема концентрација на антивоспалителни супстанции како бисаболол и алантоин како и поради антисептичкото дејство на јодот од ореовото масло.
3. HONEY, CEREALS AND HERBS – КОЛЕКЦИЈА ЗА МАСНА КОЖА
(BODY CLEANER, OILY BODY SCRUB, MASSAGE BUTTER, SKIN SOFTENER)
Комбинација од мед, билки, житни масла и култури овозможува ексфолирање на кожата спречува нејзино прекумерно замастување а воедно потикнува и синтеза на колаген.
4. FRUIT SMOOTY- КОЛЕКЦИЈА ЗА ВИТАМИНСКА ПОТХРАНА НА КОЖАТА
(BODY CLEANER,OILY BODY SCRUB, MASSAGE BODY BUTTER, SKIN SOFTENER)
Технолошките постапки за изработка на оваа колекција се дизајнирани на начин производите да изобилуваат со Аскорбинска киселина(Витамин Ц), Д-пантенол (Витамин Б5), ретинол (Витамин А), токоферол (Витамин Е), холекалциферол (витамин Д3) што представува одлична храна која помага во ревитализација на кожата.
Синтетската козметика е создадена на начин да има поголема стабилност, односно подолг рок на траење. Поради таа причина, како и поради економичноста на синтетските суровини овие козметички производи изобилуваат со петрохемиски соединенија кои навлегуваат во кожата за само 28 секунди по нанесувањето. За поголемиот дел од овие соединенија токсичноста е докажана, а некои од нив се и канцерогени.
-Нашето производство е со пократок рок на траење, ние правиме помали количини и тие ги надополнуваме со нови. Никогаш не остануваме на лагери со количини, затоа немаме потреба од конзерванси и петрохемиски соединенија. Кога ги правев производите, најважно ми беше и ми е мислењето на луѓето после употребата. Сакам да ми кажат доколку нешто не им се допаѓа, за да можам да го поправам, бидејќи една формулација не е никогаш конечна, секогаш може подобро - ни кажа Ирина и ни го раскажа во кратки црти процесот за изработка на еден производ.
- Прво го истражувам типот на кожа за кој што сакам да направам производ. Ако станува збор за мрсна кожа ја испитувам физиологијата на мрсната кожа кои се проблемите кои се јавуваат, зошто се замастува кожата и потоа правам формулација која ќе ме одведе до крајната причина со која треба да ја прекинам и која предизвикува замастување на кожата. Имам одредена палета на масла кои ги користам и знам кое масло како делува, какви соединенија има во него и од тоа создавам еден производ. Сега за сега имам основна база на производи. Базата за производство на путерите е дека користам „shea“путер, какао путер, пчелен восок и дополнителни масла. Базата за пилинзите е хималајска сол, морска сол и шеќер, но исто така во нив додавам и семиња од чиа, партикули од билки, чоколадо. За сапуните имам основна база која е од кокосово и палмово масло.
Но, плановите на „Омега Рисрч“ не застануваат тука.
- Ова е само наш почеток во блиска иднина планираме и создавање на цветна колекција, антицелулитна колекција, колекција за деца и приоритетно органска козметика за мажи – најавува Велевска.
Доколку овој текст го разгори вашето љубопитство за органската и природната козметика ве покануваме на официјалната промоција на производите која ќе се случи на денеска, 11-ти февруари, дојдете и на своја кожа да ги пробате ексклузивните природни производи.
*спонзорирана објава
фото: Соколовска Бојана