Како Адел ги изгуби килограмите?

2 март 2016

Од самиот почеток на нејзината кариера, Адел имаше проблеми со вишокот килограми. Тоа денеска не е случај, откако по нејзиното враќање таа изгуби неколку десетици килограми.

Таа ја открива тајната на нејзината диета со која започна после породувањето, а истата не е воопшто онаква каква што мислевте.

Иако никогаш порано јавно не зборуваше за деталите околу нејзината исхрана, овој пат таа одлучи да открие како ги изгубила килограмите.

Таа призна дека единственото нешто што го направила е тоа што од нејзината исхрана го исфрлила чајот со шеќер од кој ќе каже дека била зависна.

Пејачката вели дека дневно знаела да пие дури и по десет шолји чај, а во секоја ставала околу две лажици шеќер, што значи дека само со чајот, дневно внесувала околу 20 лажици шеќер. 

Таа денеска воопшто не пие чај и вели дека се чувствува одлично и има многу повеќе енергија бидејќи шеќерот правел да се чувствува постојано уморно. 

Покрај исфрлувањето на шеќерот од исхраната, таа призна и дека во последно време повеќе внимава на храната, а веќе почнала и активно да вежба од што резултатите се видливи. 

Објавено:
2 март 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
8.311 пати