Како да ги намалите темните подочници и отокот под очите?

25 декември 2013

Примерите за настанокот на темните подочници и кеси под очите се многубројни, а најчести се:

-Зголемување на темниот пигмент меланин, кој е одговорен за темните кругови околу очите

-Губење на масните ткива под очите што природно исчезнува во текот на годините.

-Ослабена циркулација и застој на крвта во малите вени во подрачје на очните капаци, што е главен проблем за овој проблем.

-Животните навики како претерана консумација на кофеин и никотин.

Но, што можете да направите сами и да ги намалите темните кругови?

-Доволно сон е најдобриот лек за оваа проблематика, без оглед на причинителот. Во текот на спиењето организмот самостојно ја подобрува состојбата која настанала околу очите.

-Избегнувајте алкохол и никотин, зашто нивната претерана употреба предизвикува дехидрација на кожата што темните кругови ги прави уште поинтензивни.

-Кремите што содржат ретинол, хидрохинон,зелен чај, витамин Ц, можат да помогнат во отстранување на темните кругови. За да се постигне подобар ефект потребно е да избегнувате силно сонце и да користите креми со заштитен фактор.

-Витамин К и ментол. Користењето производи за нега на кожа со додатоци на овие состојки може да се постигнат задоволувачки резултати.

-Коректорот за покривање на темните подочници мора да биде нијанса посветол од остатокот од кожата на лицето. Најдобри се коректорите што содржат заштитен фактор, ако кожата ви е масна и склона на акни треба да користите безуљени.

Совети за намалување отоци околу очните капаци

-Хидратација на кожата. Дерматолозите советуваат да внесувате повеќе течности, која ќе ја подобри работата на метаболизмот и на ќелиите околу очите.

-Намалето го внесувањето сол преку храната, зашто претераната употреба ги задржува текностите во организмот, како и во пределот околу очите.

-Држите ладни облоги од зелен чај, тој ќе го намали отокот. Професионалците исто така советуваат да се употребува маска од свежа краставица или смрзнат грашок и морков.

Објавено:
25 декември 2013
Категорија: 
Убавина