Марамите се еден од омилените модни додатоци оваа година. Го најдоа своето место и во есенско-зимската сезона, а и летото носи сосема нови начини како можете да ги искористите.
Денеска акцентот ќе го ставиме на комбинирањето на марамите како украс во коса. Без разлика која е вашата должина на косата, можете да најдете начин како да го вметнете овој тренд во изгледот.
Ако имате кратка коса, марамата носете ја како лента за коса, која ќе ја врзете или во делот на тилот или пак на врвот.
Ако имате долга коса, покрај веќе споменатата опција, имате уште многу други. Со марамата можете да врзете пунџа, или пак да ја имплементирате во самото формирање на истата.
Можете да врзете плетенка или да исплетете една со марама. Коњското опавче украсете го со марама, а и турбаните се сè уште актуелни.
Дали ќе одберете еднобојна или марама со принт или дезен, сосема е сеедно, бидејќи секако ќе внесе веселост и впечатливост во вашиот изглед.
Во продолжение погледнете ги и останатите предлози: