Како Џенифер Анистон ја одржува својата форма на 53 години? Актерката открива повеќе за својот „15-15-15 тренинг“

10 октомври 2022

Многумина би се согласиле дека актерката Џенифер Анистон, најпозната по својата улога како Рејчел во серијата „Friends", на својата 53-годшина возраст изгледа подобро од било кога. Тајната за нејзиниот младешки изглед и цврста форма лежи во нејзиниот тип на тренинг кој таа го нарекува „15-15-15".

Фото: Vogue

Всушност, станува збор за тренинг кој се состои од 15 минути возење на статичен велосипед, 15 минути кросфит и 15 минути трчање на трака. Како што открива актерката, минатата есен се соочила со повреда поради која можела да се посвети исклучиво само на пилатес. По извесно време започнале да ѝ недостигаат напорот, заморот и потењето кои доаѓаат со вежбањето, па така оваа формула „15-15-15" е резултат токму на тоа.

Тренингот 15-15-15 на Џенифер Анистон не е H.I.I.T или интервален тренинг со висок интензитет, туку станува збор за аеробни вежби поделени во 3 различни сегменти. Предноста на овој тип на тренинг е главно психолошка: размислувањето за трчање или возење статичен велосипед 45 минути претставува предизвик, но доколку си дадеме задача да го сведеме на 15 минути, тоа веднаш изгледа поедноставно и поизводливо.

Фото: Vogue

Идејата зад овој вид на тренинг е дека станува збор за кратка, но интензивна физичка активност која дава подобри резултати од нормалниот облик на тренинг каде имаме помал замор на мускулите. Исто така, мора да се земе предвид дека на 53-годишна возраст, тренинг од ваков тип всушност може да биде посоодветен бидејќи е многу веројатно да го немаме истиот физички капацитет како на помлада возраст.

Наедно, овој тип на тренинг на Џенифер Анистон се карактеризира со голема потрошувачка на калории, што го прави погоден за оние кои сакаат да изгубат тежина, што секако, зависи и од зачестеноста на сесиите и комбинираната исхрана. Тоа оди во прилог на жените кои навлегле во менопауза кога контролата на тежината станува проблем поради хормоналните флуктуации.

Исто така, аеробното вежбање претставува одличен метод за подобрување на расположението бидејќи со ослободување на ендорфин и зголемување на серотонин, помага да се намали стресот и да се чувствуваме попозитивно.

Она што можеби треба да се земе предвид е дека, доколку целта на тренингот е зголемување на мускулната маса, „15-15-15" на Џенифер Анистон не е за вас.

Фото: Vogue

Објавено:
10 октомври 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.307 пати