Како правилно да нанесете коректор и пудра?

25 април 2014

Стилистката Саша Јоковиќ понуди неколку совети за тоа како вашата дневна или вечерна шминка издржи што подолго

1. Измијте го лицето и на чистата кожа и вратот нанесете хидратантна крема

2. Одберете пудра која ќе биде слична на тенот на вашата кожа. Ставете ја на дланката и со прстите нанесете на средните делови од лицето и брадата.

3. Нанесената пудра почнете да ја размачкувате накај надворешните делови од лицето.

4. Коректорот служи за прекривање на неправилностите и се нанесува на подрачјето под очите за да се прекријат подочниците и црвенилата околу носот.

5. За да ја фиксирате подлогата, но и да добиете сјаен ефект на Т-зоната,нанесете пудра во прав, која ќе биде за нијанса посветла од бојата на вашиот тен.

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Убавина