Како сами да ги средите шишките

14 март 2014

masl01_bangs

Доколку ви се случило да се вратите од фризер и да не ви се допаѓа како ви ги направил шишките, или пак ви се допаѓаат но после неколку дена стануваат нескротливи, во продолжение следат неколку совети како самите да си помогнете.

*Научете како да ги фенирате шишките на вистински начин

Заборавете на нанесувањето на препаратите на коса пред фенирање. Додека се уште се влажни, шишките зачешлајте ги рамно преку лицето и затегнете ги преку челото држејќи ги меѓу показалецот и средниот прст. Сушете ги на лесна температура на фенот, почнувајќи од коренот кон врвовите. На крајот на сушењето, искористете помала округла четка, за да ги доработите краевите онака како што посакувате. После фенирањето можете да нанесете пена или лак за да ја зацврстите фризурата.

*Предност на шишките е што можете да направите добра фризура без комплетно миење на косата

Можете да ги измиете само нив, а косата да ја врзете во опавче или да направите пунџа, за да го постигнете саканиот ефект. Во последно време се повеќе се популарни шампоните за суво миење на косата. Искористете ги нвните бенефиции, затоа што шишките бргу се замастнуваат, побрзо од остатокот на косата, па пожелно е да ги третирате со овие шампони, со што ќе го продолжите периодот измеѓу две миења на косата. Шампонот за суво миење прво нанесете го на раце, а потоа втријте во корен на влакната со што ќе спречите создавање на грутки и да го постигнете најдобриот ефект.

girl_Hair+nails

*Косата, па така и шишките многу бргу растат. Доколку сакате да ги носите подолго време во непроменета состојба, научете самите да ги скратите

Првин исфенирајте ги, како во првата точка, а потоа земете малку погуст чешел и провлечете низ шишките до должината која ја посакувате. Земете ножици и држејќи ги вертикално, скратете ги шишките веднаш под работ на чешелот. Предноста на оваа техника е да добиете природен изглед и да спречи да ги скратите повеќе отколку што посакувате.

Објавено:
14 март 2014
Категорија: 
Убавина
Тагови: 
коса фризер Шишки