Каква шминка да користите во топлата сезона?

20 мај 2014

Со правилното нанесување на шминката можете да ги истакнете јаболчниците, визулено да го намалите носот или да дадете симетричност на лицето. По нанесување на подлогата, ставете пудра со бронзена основа која ќе доминира на јаболчниците и страничните делови на носот и секако на крајот да ставите камена пудра, за да се добие ефективно нијансирање на лицето.

Природни нијанси на сенки за очи

Летниот период од годината бара промена на јаките и темни нијанси со неутрални нијанси кои ќе доминираат на внатрешниот дел на очните капаци и страничните делови и бела нијанса особено на делот околу веѓите, за да се добие ефект на визуелно покрупни очи. Се препорачува избегнување на кремастите сенки кои лесно се топат во овој период од годината.

Хидратантни кармини

УВ зрачењето во текот на топлиот период од годината дополнително придонесува за пукање на кожата на усните. Токму затоа ви препорачуваме да изберете кармини на хидратантна основа и тоа со светли розови нијанси во текот на денот, а навечер нека доминира сензуалноста со циклама и корални црвени нијанси.

Објавено:
20 мај 2014
Категорија: 
Убавина