Во продолжение прочитајте кои се петте најскапи четки за шминкање:
1. Колекцијата на Боби Браун ги поседува сите неопходни елементи како што се четката за коректор, пудра, руменило и сенки за очи. Цената на колекцијата е 185 долари.
2. Кога станува збор за безвременската убавина незаменлива е колекцијата на Коко Шанел. Иако секоја година вадат нови линии, сепак некои работи се незаменливи. Токму поради тоа колекцијата четки од Шанел е од лимитирано издание. Изработени се од природно влакно и цената им е 225 американски долари.
3. Сара Џесика Паркер и Џулија Робертс се само дел од познатите дами кои имаат доверба во козметичкиот бренд Лаура Мерсиер. Колекцијата е составена од 10 четки изработени од квалитетни влакна, а цената изнесува 375 долари.
4. Козметичкиот бренд Пердис има колекција од 22 четки спакувани во кожeна футрола и изнесува 379 долари.
5. Иако почина во 2002 година, шминкерот Кевин Окојн зад себе остави козметичко царство кое и ден денес профитира благодарение на него. Дел од козметичката линија се и четките за шминкање кои се изработени од влакна од пони и токму поради тоа цената за нив е 515 долари.