Kолку е совршена корејската пластична хирургија?

25 април 2014

Кинеските жени сѐ почесто се упатуваат кон Јужна Кореја каде подлегнуваат на различни пластични операции, но веднаш откако ќе ги направат истите се јавува голем проблем.

Ако мислите дека збориме за здравствен, грешите! Имено, пластичните хирурзи таму се толку добри во својата работа, што жените по пластичните операции не можат да се вратат дома, бидејќи службениците кај пасошката контрола не се сигурни дали се работи за истата личност од пасошот.

Токму поради тоа, корејските пластични хирурзи почнале да издаваат „сертификати за пластични операции“ што пациентите мораат да ги носат со себе доколку сакаат без проблем да ја поминат границита.

На сертификатите е впишан бројот на пасошот на пациентот, името на болницата каде е извршена операцијата и времетраењето на престојот во Јужна Кореја.

Тамошните цариници посочуваат дека често им се случува да откако девојките ќе ги симнат очилата и шапките, воопшто да не личат на нивната фотографија од пасошот. Токму тогаш настанува и најголемиот проблем, па сите се надеваат дека овие сертификати на големо ќе им ја олеснат работата.

Според последните официјални податоци, во 2009 година дури 23 жителки на Кина имале проблем на граница по извршената пластична операција во Јужна Кореја.

Полека, но сигурно, токму Јужна Кореја се претвора во престолнина на пластичната хирургија, а тамошните жители се и најголемите уживатели во тоа.

Секој 77 – ми жител на Јужна Кореја подлегнал на пластична операција заради убавина, а дури 20 проценти од жените на возраст од 19 до 49 години признаваат дека со задоволство би смениле нешто на себе.

Во моментов, најпопуларната пластична операција е отстранување на вишокот кожа од очните капаци, за очите на девојките да им бидат поголеми, поотворени и налик на американските!

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Убавина