Козметички салон „Бабор“: Вашето ново омилено место за нега и релаксација

16 ноември 2014

Луксузот, иновацијата и резултатите сега се реални и достапни и кај нас, благодарение козметичкиот салон „Бабор“. Водени токму од ова мото на истоимената германска козметичка компанија, која успешно работи преку 50 години, вработените во новоотворениот салон во центарот на Скопје ќе ги исполнат сите желби за нега на современата жена.

Инаку, седиштето на компанијата „Бабор“ се наоѓа во Ахен, Германија и има вкупно 255 вработени во центарот за истражување и развој, логистика и производство. „Бабор“ во светот е присутен и работи  во повеќе од 60 земји меѓу кои и во Швајцарија, Холандија, Велика Британија, Австрија, Белгија, Канада, има подружници и во САД како дистрибутери, а во ова семејство на соработници е и Македонија, благодарение на тимот што стои зад оваа приказна.

На вчерашното отворање поразговараме со менаџерот за маркетинг и продажба, Данче Анчевска, која ни објасни, зошто овој салон ќе се изводи од другите во градот.

- Ние нудиме нешто посебно, што во повеќето салони низ државата не можете да го најдете – козметички усуги, обуки и продажен дел во едно. Имено, „Бабор“ козметиката не може да се најде секаде, па во желбата да ѝ ја приближиме на нашата жена, го создадовме овој т.н.продажен дел од салонот, каде што можете да ги најдете сите производи. Ние постоиме 17 години, веќе 10 години сме генерални застапници на оваа квалитетна козметика на ниво на цела Македонија. Одлучивме дека сега е вистинското време да се ребрендираме и да го создадеме „Бабор- beauty&spa“салонот  со што, сите веќе ќе имаат можност одблиску да се запознаат со тоа каква е оваа козметика, за што служи и какви резултати дава – вели Анчевска.

Данче Анчевска: Сакаме да им овозможиме и на мажите и жените да се негуваат и дома, па токму затоа и го направивме овој продажен дел во салонот Сакаме да им овозможиме и на мажите и жените да се негуваат и дома, па токму затоа и го направивме овој продажен дел во салонот, вели менаџерката на салонот, Данче Анчевска

Поекскузвини, ритуални третмани се она што посебно го истакнува тимот на салонот, а сите оние што сакаат да го посетат ќе имаат можност да уживаат и во нега на раце, нега на нозе, масажи со специјални „Бабор“ масла, депилација...

-„Бабор“ е  посебен затоа што е секогаш иновативен. Претстaвува ексклузивна германска козметика со врвен квалитет која ги соединува иновативните научни откритија со ефикасните природни состојки. Така, освен козметиката за лице за сите возрасти, од онаа за 15 годишни девојки, па сè до онаа за жените во длабока старост, „Бабор“ од 2013-та година ја менува колекцијата за тело. Во неа вметнува компоненти како што се келиите од шампањ од круша, кои реагираат и на регенерација на кожата, но и на подобрување на нејзиниот тонус и квалитет. Исто така, ако досега беше достапна линијата против стареење само за лице, сега ја има и за тело, а може да се најде и кај нас. „Бабор“ нуди производи за луѓето со проблематична кожа, осетлива, сува, лифтинг линијата итн, а тука е секако и декоративната козметика – објаснува Данче.

Она што е исто така важно да се нагласи е дека „Бабор“ содржи и машка колекција. Се прават третмани за лице и за мажи, а колекцијата содржи и креми, шампони, лосиони после бричење, креми против стареење и многу други производи, со што и на мажите им е овозможено да се препуштат и да уживаат во негата за себе.

Салонот, покрај со услугите што ги нуди, ќе ве привлече и со својот изглед. Светол, уреден, со посебни простории за третмани, масажа, депилации и внимателно одбрани детали, ви овозможува макар за тоа време што сте таму, да се почувствувате посебно и ексклузивно.

- Кога ќе влезете во „Бабор“, било каде во светот, тие внимаваат кај клиентот да се активираат сите пет сетила истовремено. Сè што ќе ви биде пренесено како искуство од третманите, треба да биде добро за гледање, за мирис, допир, за слушање... Едноставно да предизвика опуштање и уживање, да му се овозможи на клиентот да се оттргне од секојдневниот стрес, а така е и кај нас. Токму на тоа уживање на сетилата, се внимаваше и при уредувањето на салонот. Ние сме под „Бабор“ франшизата, па оттаму и мора да се следат одредени насоки и во уредувањето. Внимававме на секој детаљ, а сè со цел на сите оние што ќе го посетат нашиот салон да им биде пријатно – посочи менаџерката на салонот.

Со оглед на долгогодишно искуство, тимот што стои зад овој „Бабор“ козметички салон порачува дека со убавината доаѓа и одговорноста, а во комбинација со мотото на „Бабор“ и квалитетот што стои зад ова име,  нема сомнеж дека нивната приказна ќе биде успешна и ќе даде резултати, а ова место ќе е едно од вашите омилени за релаксација и нега.

Во продолжение погледнете како изгледа салонот:

спонзориран текст
Објавено:
16 ноември 2014
Категорија: 
Убавина