Мис Универзум ja славеше женственоста во сите форми

22 ноември 2023

Мис Универзум годинава беше настан за паметење - 72. издание на изборот за убавина испиша историја славејќи ги жените во сите облици и форми.

За прв пат се појави plus-sized модел, Џејн Дипика, преставничката од Непал гордо чекореше на пистата во името на сите жени со облини и ги размрда стереотипите за мисиците.

Taa е активист за ментално здравје и позитивен став кон телото.

Освен тоа се појавија и две трансродови преставнички. Дамите од Холандија и Португалија ја искажаа својата неизмерна среќа што имаат можност да стојат еднакво со сите други жени на еден ваков избор.

Во изборот учествуваа и две мајки преставничките од Колумбија и Гватемала чиишто дечиња ги бодреа во публиката.

Од 2012. се сменија правилата за тоа кој може да учествува на Мис Универзум, па така денес имаме трансродови модели, мајки, сопруги, разведени жени, plus-sized модели...

Годинава за прв пат имаше и претставничка од Пакистан, која што изјави дека со години го чекала моментот жените од оваа држава да добијат дозвола за учество на изборот.

Мис Универзум 2023 беше прогласена дамата од Никарагва, што ја направи првата жена од оваа земја што добила ваква титула.

За прва придружничка беше избрана претставничката од Тајланд, додека титулата втора придружничка ја понесе девојката од Австралија.

Фото: Getty

Објавено:
22 ноември 2023
Категорија: 
Убавина