Морската сол прави чуда за вашата коса

24 август 2013

beachhair2

Кој би рекол дека морската сол е тајното оружје на популарните стручњаци за убавина ширум светот. Тие што ја испробале, се воодушевени од нејзиното дејство. Едни ја мешаат со вода, а други со шампон.

А еве зошто сите се толку возбудени околу ова „откритие“.

-Солта помешана со вода е одличен природен пилинг, па без оштететување, од влакната ја отстранува насобраната нечистотија и насобраните производи за коса. Морската сол со шампон најдобро е да ја помешате во посебен сад, па после шампонирањето, косата да ја исперете со судена вода. Косата ќе добие неверојатен сјај .

-Дамите кои ја сакаат брановидната коса, исто така е добро да ја испробаат морската сол. Во боца со распркувач ставете вода и додајте три лажици морска сол и добро промешајте. Откко ќе направите брановидна фризура, косата лесно попрскајте ја со оваа смеса, за да добие вистински „морски изглед“.

beach-hair

-Ако имате коса која лесно се обликува, можете да го испробате и овој трик. На мокра коса попрскајте ја водата со морска сол. Со рака изгмечете ја и лесно исушете со фен. Ќе добиете неуредни секси бранови, кои се мошне тренди во моментот.

Објавено:
24 август 2013
Категорија: 
Убавина