Мускулите се „Out“

13 август 2013

Хипертрофираната маса на мускули и физичките „скулптури“, повеќе не се актуелни. Новиот тренд во фитнес салите се вежби кои го почитуваат вашето тело и се прилагодени по ваша мерка. Фитнесот е направен по некаков „терк“ условно да кажеме и е приспособен наменски за секоја потреба и фигура. Трендот на денешницата ги „пумпа“ мускулите и сите изгледаат како херои од некој филм.  Тоа повлекува напорна работа и многу поминати часови во сала за вежбање, па дури и употреба на наркотички средства кои ќе го забрзаат процесот на креирање соодветна мускулна маса.

 

 

Процесот бавен, а ве принудува и постојано да се придржувате до режим со исхрана и вежбање, бидејќи ви првиот момент кога ќе намалите со тренингот мускулите ќе спласнат. Сигурно ова беше познато и јасно како ден, но не знаевте дека ова повеќе не е во мода. Девојките и жените не се „палат“ на тела кои личат на боговите од Античка Грција и Рим, тие сакаат природен изглед и цврсто тело. Предностите на одржување на цврсто и здраво тело наместо вештачки напумпана „вреќа“ се огромни и се по прифатени и почитувани од страна на повеќето луѓе. Водете здрав живот, одете барем еднаш неделно во сала за да се одржите во форма, хранете се здраво смејте се  и читајте fashionel!!!

 

Објавено:
13 август 2013
Категорија: 
Убавина