Начин на исхрана кој ви овозможува бронзен тен

15 август 2013

Покрај кремите и спрејовите за сончање кои ни овозможуваат преку летото да добиеме убав чоколаден тен, постојат и други компоненти кои помагаат во одржувањето на темниот тен. А тоа е правилниот режим на исхрана. Со правилен баланс и конзумирање на вистинските продукти, можете да го задржите вашиот темен тен подолго отколку што мислите. Процесот на одржување како на внатрешната така и надворешната убавина, не зависи само од тоа со што ја мачкаме нашата кожа, туку и каква храна внесуваме во организмот.

 

 

Пример? Веднаш!!! Јадењето овошје и зеленчук кои имаат портокалова боја, ја имаат истата моќ како и нанесувањето на млеко за потемнување на кожата. Не залудно се здобиле со епитетот „суперхрана за кожата“. Овде влегуваат морковите, доматите, дињите, потокалите, кои го содржат моќниот антиоксиданс каротен. Конзумирајќи добар дел од овие овошки си овозможувате природен поттик за создавање и одржување на темниот тен, без да употребувате хемикалии.

„Во оваа група на производи кои содржат природен бета-каротен можете да ги додадете и зеленчуците со долги зелени листови, како зелка, марула, кељ“, вели д-р Сузан Стујарт, дерматолог во болницата во Сан Диего.

 

 

Според едно истражување кое го има направено д-р Стујарт на Универзитетот во Нотингем, се дошло до заклучок дека луѓето кои конзумираат повеќе порции на овошје и зеленчук имаат поздрав и поубав тен.

 

 

„Но, генерално во повеќето случаи треба да постои умереност“, вели д-р Стујарт, бидејќи внесувањето на преголемо количество овошје и зеленчук богати со каротен може да доведе до состојба наречена „каротенемија“, која се карактеризира со жолта пигментација на рацете, нозете и телото. Очигледно не е сериозно и се лечи со намалување на консумацијата на овошја и зеленчуци кои го содржат овој антиоксиданс.

Епа, драги мои сервирајте си го сами тенот кој сакате да го имате!!!

Објавено:
15 август 2013
Категорија: 
Убавина