Најчести митови за стриите

1 октомври 2013

Не постои жена во светот која нема проблем со стриите, а со нив се појавуваат и разни заблуди во врска со решавањето на истите.

Само трудниците имаат стрии

Точно е дека во текот на бременоста се појавуваат стрии, но нив ги има и кај жените кои нагло се здебелуваат или слабеат.

Стриите може да се спречат

Ризикот од појава на стриите може да се намали доколку внимавате на исхраната и килограмите ги држите под контрола. Радикалните промени на килограмите доведуваат до неминовна појава на стрии.

Во текот на бременоста, стриите се појавуваат само на стомакот

Во текот на бременоста стриите најмногу ги има во пределот на стомакот бидејќи таму кожата најмногу се растегнува. Но исто така ги има на колковите, задницата,градите и надлактиците.

Кога ќе ослабите стриите ги снемува

Растегнатата кожа тешко се враќа во првобитна состојба, па поради тоа тешко е да се избегне појавата и на стриите.

Стриите може да исчезнат со повремена употреба на крема

За да го решите проблемот со стриите морате да бидете упорни. Тоа значи дека е потребно два пати дневно нанесување на крема за намалување на стриите во пределот на телото каде најмногу ги имате со цел да се спречи нивна повторна појава.

Објавено:
1 октомври 2013
Категорија: 
Убавина