Најголемиот саем за коса ни предлага авангардни фризерски трендови

29 октомври 2013

Во Лондон неодамна се одржа најголемиот интернационален саем за фризури и фризерај, Salon International 2013 на кој голем број излагачи и стилисти ги презентираа најновите трендови во однос на фризура и препарати за коса.

Најголемиот дел од посетителите во основа се фризери и луѓе од таа бранша и истите во период од три фасцинантни изложбени денови имаа можност од прва рака да ги дознаат најновите трендови за коса и да споделат меѓусебни мислења и искуства.

Саемот го посетиле околу десет илјади професионаци од областа на фризерајот, а голем број претставници од фризерската индустрија ги презентирале своите производи.

Овој саем се одржува секој октомври и е еден од водечките настани кои ги диктираат трендовите за коса.

 

 

 

Објавено:
29 октомври 2013
Категорија: 
Убавина