Најубавите еко подароци сезонава ќе ги најдете во неодоливите Lush

4 декември 2018

Подарувањето е дефинитивно едно од најубавите чувства на светот! Дали вие повеќе сакате да подарувате или да добивате подароци? 

Сеедно каде се пронајдовте, брендот за свежо, рачно изработена, природна козметика Lush, постојано изненадува со нови производи, а сите најмногу им се радуваме на малите слатки пакетчиња - подароци. 

Тие се неодоливо завиткани и украсени со панделки, изобилуваат со шаренила и други забавни елементи, а истите ќе ги најдете во Lush, на штандот во City Mall. 

Она што задолжително треба да го знаете за овие подароци е тоа што истите се  завиткани во 100% рециклирана хартија. Сите панделки како и додатоците во самите подароци се исто така изработени од рециклирани материјали. 

Со тоа што подарувате Lush подарок, вие учестувате во зелената политика која е во срцето на Lush – заштита за животната средина. 

Уживајте во празниците што следуваат, уживајте во долги и опуштени бањи со купките на Lush, подарувајте, сакајте, грижете се за природата и за саканите.

Во продолжение следи само мал дел од големот избор на подароци: 

The Night Before Christmas 

Овој подарок е завиткан во толку забавна хартија што секој би му се израдувал. Содржи две шумливи купки: 

-Shoot For The Stars е шумлива купка со маѓепсувачки мирис на мед и карамела. Никој неможе да остане рамнодушен на нејзината небесно сина боја и светкави ѕвездички што се полни со органски какао путер. 

-Golden Wonder шумлива купка во форма на подарок, со масло од сладок портокал, коњак и масло од зелен лимон. 

Dreaming Of Christmas 

Мечтаење и небо полно сништа. Подарок од соништата. Содржи:

-Пилинг за тело Shugar Plum Fairy со инфузија од слива и многу шеќер, гел за туширање Sleepy (100гр.) со лаванда и тонка, регенератор за тело Snow Fairy (50гр.) снежната приказна со мирис на шеќерна волна. 

Some Like It Hot

Одличен подарок со интересно име. Исто така со фантастичен избор на производи. Содржи:

-Пилинг за тело Scrub, Scrub Scrab, што дефинитивно можеме да кажеме дека е фаворит во областа на пилинзи, добро познатиот сапун за тело Karma и гел за туширање Cinders (100гр.) со бадемово масло и семки од тиква. 

Christmas Candy Box 

Светкава хартија, со шарени дезени и голема панделка. Во исчекување да ја повлечете панделката... И потоа радост. 

Содржи: повеќенаменска купка Candy Cane во форма на лижавче за на елка, гелот за туширање од бајките Snow Fairy (100гр.) што ве враќа во детските безгрижни денови, шумлива купка ButterBear, едно убаво мече полно со какао путер и уште едно задоволство за во бањата, овој пат уште полуксузно. Шумплива купка Luxury Lush Pud, со етерични масла од лаванда, тонка и иланг иланг. 

Joyful – кутија полна задоволства 

Три многу добри причини за веселба се внимателно одбрани и спакувани во оваа славеничка кутија. Содржи: гел за туширање Lord od Misrule (100 гр) со неодолива зачинета нота, сапун за раце и тело IceHoggles со масло од пачули и и регенератор за тело Christingle (45гр.) со масло од јојоба и пеперминт. 

Ова се само мал дел од подароците на Lush. За да го одберете вашиот совршен подарок за овие празници, посетете го штандот на Lush во City Mall или нивната веб страна www.lush.com.mk.

*комерцијален текст

Објавено:
4 декември 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
663 пати