Намирници за поттикнување на растот на нокти и коса

4 март 2016

Преодните годишни времиња се период кога забележуваме зголемено опаѓање на косата, кршливи нокти, што веројатно повеќето од вас или ве загрижува или ве нервира.

Затоа, во продолжение ќе ви предложиме 10 намирници кои се актуелни периодов, можете да си ги дозволите (во помало или поголемо количество), а ќе ви помогнат полесно да го пребродите пролетниот период.

Секој од нив содржи Биотин, омега 3 масни киселини, протеини, витамин А и цинк.

Банани

Ова овошје ќе ѝ помогне на вашата коса и ќе го спречи нејзиното опаѓање. Во себе содржи Биотин (Витамин Х), што во комбинација со цинкот се употребува за лечење на алопеција.

 

Кикирики

И кикириките во себе содржат Биотин, што исто така ќе помогне и во зацврстувањето на ноктите. Незабележителното грицкање додека сте дома, може да ви ги даде посакуваните резултати.

 

Јајца

Јајцата се богат извор на Омега 3 масни киселини. Тие ќе ви помогнат да имате сјајна коса и здрави нокти. Не мора да претерувате, но сепак вклучете ги во пролетната исхрана.

 

Риба

Уште еден извор на Омега 3. Особено ја има во скушата, лосо, сардината и туната. Инаку, недостатокот на омега 3 може да предизвика првут и суво теме на косата. Рибите содржат и протеини, така што ова е само причина повеќе да ги употребувате.

Пилешко

 

А кога сме веќе кај протеините, пилешкото месо е на врвот на листата. Косата и ноктите во себе содржат вид протеин што го нарекуваме кератин. Оттаму, јасно е зошто внесувањето на вакви намирници во телото и повеќе од потребно.

 

Житарици

Ако не сте обожавател на месо, тогаш житариците (особено оние целите) можат да бидат вашиот избор на протеини и воедно нов омилен појадок.

 

Спанаќ

Во негата на косата и ноктите помага и витаминот А, а можете да го најдете во спанаќот, нешто што со сигурност нема да ве чини многу, вкусно е, а и ќе ви помогне при јакнење на имунолошкиот систем.

 

Морков

Морковот помага за хидрирање на темето на косата и одржување на сјајот на истата. Најдобро е да го употребувате свеж, но можете да го комбинирате во супа, смути, салати...

 

Говедско месо (немасно)

Ако сакате да јадете месо, покрај пилешкото, добредојдено ќе ви биде и говедското, бидејќи е богато со цинк.

 

Соја

Извор на цинк е и сојата, бидејќи поседува стотици ензими што ја регулираат изградбата на нови протеини како база за растење на ноктите и коса, кои во себе содржат цинк. 

Објавено:
4 март 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.384 пати