Направете промена со пин–ап фризура

17 мај 2014

Главна одлика на овие фризури се впечатливите локни или цврсти шишки за да изгледаат како скулптура. Доколку сакате ваквата фризура да ја испробате во домашни услови, уште од вечерта ставете витлери на косата и задолжително гел или лак за коса. Покрај стандардниот изглед на шишките, може да ги свртите нагоре од челото.

Овој стил уште се наредува и француски ретро изглед. Доколку сте носталгични  и романтичари, тогаш овој тип на фризура е идеален за драстична промена од стандардниот изглед. За крај не заборавајте дека пин-ап фризурите одат рака под рака со впечатлив црвен кармин.

Објавено:
17 мај 2014
Категорија: 
Убавина