Неодолива зимска колекција шминка од Марк Џејкобс

23 септември 2014

Новата палета шминки од Марк Џејкобс ги собра сите нијанси кои ќе ни ги разубават студените зимски денови, а воедно даде насока за тоа кој тренд на шминка ќе биде актуелен и особено популарен оваа зима. Во фокусот се бежовите тонови од посветли кон потемни, луксузно кафени нијанси, како и мат златните бои надополни со меки црвени нијанси.

Колекцијата вбројува и  богата понуда на лакови за нокти во беж, црвени и металик бои, кои одлично се вклопуваат со актулелните модни трендови. Покрај тоа брендот воведе и нов дизајн на сенки за очи што вклучуваат три нијанси за поефективно нагласување на вашите очи. За новогодишниот период пак, Џејкобс, направи и специјална едиција каде во едно пакување се собрани седум сенки за очи за постигнување на што повпечатлив изглед. Празничната линија вклучува и течни кармини за усни, збогатени со светкави пигменти за безброј сочни бакнежи. Вистинска градација на богатства која дефинитивно ќе ги освежи вашите свечени креации.

Објавено:
23 септември 2014
Категорија: 
Убавина