Нијансите на Париз во новата палета сенки на „Ланком“
•
18 јануари 2016
Урбаните пејсажи на Париз се новата инспирација за палетата сенки на козметичкиот бренд „Ланком".
Креативната директорка на брендот, Лиса Елдриџ, создаде линија сенки за очи насловена Lancôme [CITY] in Paris која содржи 16 нијанси инспирирани од архитектурата, фасадите и атмосферата во градот.
Тоновите се селектирани во четири категории, според нивната намена: Sheer Simplicity, (совршена за дневна шминка), Chic Tape (соодветна исто така за дневен изглед, но со понагласен интензитет), Pret-a-porter (наменета за коктел стајлинг) и Smokey eyes (кога имате потреба од впечатлива шминка, на пример за вечерна журка во ноќен клуб).