Омилениот мејкап артист на новата генерација

28 декември 2016

Последниве години Македонките сè повеќе вложуваат во својот изглед. Во таа насока, без разлика на возраста, секоја жена сака да има убаво стокмена фризура и секако беспрекорна шминка, која многу често навистина знае да направи чуда.

Една од омилените личности во оваа професија, особено на новата генерација е мејкап артистот Даниел Николовски.

Со напорната работа и вложувањето и секако, повеќегодишното искуство, ова момче успеа од своето име да создаде вистински бренд.

Ако макар еднаш сте го посетиле неговиот салон, сигурно сте посведочиле на големата фреквенција на луѓе, кои одлучиле да му ја дадат довербата нему.

И ако се прашувате во што се состои неговата тајна, ние ќе ви го пренесеме нашето искуство:

-Освен што поседува неверојатен талент, кој постојано го надргадува и усовршува, тој работи со голем и обучен тим, па во чии и раце да „паднете“, на крајот ќе ја добиете препознатливата естетика за неговото студио.

-Тој одлично знае да процени што ви прилега на обликот на лицето, па според тоа и да ве посоветува, со цел да ја извлече вашата најдобра верзија.

-Без оглед на брзото темпо на работа, тој ќе ве дочека подготвен, расположен, насмеан и непосреден како да се познавате отсекогаш, па дури и да се чувствувате нервозно поради промената што ќе ја направите, за многу кратко време ќе бидете најопшуштената личност на светот.

-Ги следи светските трендови, па што и да посакате, ќе може да го добиете.

- Неговото портфолио го сочинуваат и соработките со бројни познати јавни личности, како од домашната, така и балканската јавна сцена. Елена Ристеска, Даниела Димитровска, Тамара, Катарина Ивановска, Тијана, Маја Вукичевиќ и многу други.

Ние неодамна го посетивме неговиот салон и се дружевме со целиот тим, а темата беше новогодишна шминка и фризура.

Златните и сребрени светкави нијанси се секако апсолутен хит, кога е шминката на очите во прашање.

Според него, светките можете да ги ставите и на карминот, кој може да биде повторно во златни, или пак црвени нијанси. Сепак, треба да биде умерено и да не се претера, особено ако и облеката ви е во сличен стил. Ефектот на зачадени очи е безвременска шминка за која исто така можете да се одлучите.

Умешноста е во тоа да се пронајде вистинската мерка. А на таква впечатлива шминка и облека, неговиот совет е фризурата да биде едноставна.

Испеглана коса со шишки, за по  малку француски шмек, е една од опциите. А тие што сакаат лицето да дојде во прв план, тогаш коњско, брановидно опавче и одлична опција.

Во продолжение погледнете го крајниот резултат, како и дел од досегашната работа на Николовски.

Сите вие што не сте го посетиле неговиот салон, а посакувате, тоа можете да го направитет на улица „29-ти ноември“, број 8.

Даниел Николовски и неговиот тим ви посакуваат Среќни празници!

 

*спонзорирана објава

Објавено:
28 декември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.716 пати