Специјализираната природна козметика Lush има нова, одлична палета на производи со која се заокружува летната сезона и се најавува стартот на есента. Понудата вклучува неколку неодоливи производ за коса и тело.
WASABU SHAN KUI шампон за коса. Ова е стимулирачки шампон во течна форма кој го стимулира растот на косата. Wasabi е јапонски рен кои со години се користи во јапонската кујна, но сега ние го ставивме во нашиот шампон. Овој шампон е комбинација од рен, кофеин, свеж ментол, ружа, лимон и морска сол. Истовремено чисти, стимулира и дава доза хидратација поради агаве сирупот.
Candy Rain овој регенератор за коса навистина е како дожд од слатки. Мириса неодлоливо вкусно, а хидратацијата која ја дава е неверојатна. Полн е со крем од индиски ореви, млеко од бразилски ореви, млеко од макадамско оревче, ладно цедено кокосово масло...
Poppy сапун за тело. Одвојте време за себе и вдишете длабоко под тушот. Мирисот од мешавина од бергамот и црна рибизла, ќе го разубават вашиот ден. Во овој сапун стаивме и гел од чиа семе, фер тргуван како путер и ладно цедено кокосово масло.
Sleepy сапун за тело. Запловете по облаците, сонувајте, летајте на небото, истерајте ги грижите. Смирувачката лаванда е заштитниот знак на сите Sleepy производи. Овесното млеко му дава кремаста димензија на овој сапун. Тонката во комбинација со маслото од иланг иланг се секогаш дел од виолетовите мешавини со лаванда, давајќи приспивни ноти.
Conga желе за туширање. Дајте му посебен звук на вашиот дневен ритуал. Миризливите малини ќе ве освојат, млекотоод бадем е одлично за хидратација, а караген гелот од морски алги ја омекнува вашата кожа.
Easy Peeler пилинг за тело. Во облик на мандарина, со масло од мандарини и бергамот за дигање на расположението. Гранулираниот шекер нуди убава ексфолиација на вашата кожа, а шеа путерот и какао путерот ја даваат потребната хидратација.
Aurora Borealis пилинг за тело. Ова шарено, шеќерно лижавче освојува од прва! Исто така додадовме и морска сол, правејќи го овој десерт солено благ. Сокот од ананас освежува, а маслото од лимон ја осветлува кожата.
На вас ви преостанува само да уживате во удобноста на својата кожа!