Отворањето на новата dm дрогерија во знакот на попустите и хуманоста

9 февруари 2017

Во просториите на СП Планет во населбата Ѓорче Петров, денеска се отвори нова dm дрогерија.  Новиот продажен објект на dm е со вкупна површина од 449,73m2, од кои 308,66m2 продажен простор, а 111,08m2 магацински простор.

По тој повод тимот на оваа компанија подготви многу изненадувања за посетителите, а останаа доследни и на хуманиот аспект.

Како што беше и најавено, во периодот од 12 до 13 часот, посетителите на каса ги услужуваа познатите лица – Игор Џамбазов и Весна Петрушевска и забавата е загарантирана.

Со шеги, фотографии и дружба, тие дополнително придонесоа за убавата атмосфера.

Ние пак, успеавме да поразговараме со Билјана Миленовиќ, регионалниот менаџер за продажба, која не го криеше задоволството поради проширувањето на dm семејството.

-Ова ни е 11 маркет што го отвораме во Македонија, а деветти во Скопје. Имаме уште еден во Велес и еден во Тетово. Навистина сме пресреќни и презадоволни. Уште од изутрината атмосферата е одлична, навистина многу луѓе нè посетија, има раздвиженост и сите одлично се забавуваме. Игор Џамбазов и Весна Петрушевска се познатите личности што денеска се најдоа на касата и еден час ги услужуваа нашите посетители. А средствата што се собраа во овој временски период ги донираме на здружението „Дајте ни крилја“.  Општествената одговорност во dm е на високо ниво. Постојано имаме и кампањи за заштита на човековата околина. На секое отворање на маркет се донираат средства по истиот принцип. Тоа е традиција која ја негуваме и на тој начин се трудиме да им помогнеме на ранливите категории – ни објасни Милановиќ.

Таа додаде дека отворањето на нова dm дрогерија го прославуваат и со многу попусти и изненадувања, како и нов амбиент.

-Ова ни е прв маркет со ново уредување и тоа го разликува од сите други маркети. Внесовме новитети, посебно во делот на парфемите, нега на бебиња и се надеваме дека со наредните ќе ја задржиме истата естетика – посочи Билјана.

Меѓу присутните секако беше и Ребека Јанковска, основачот на здружението „Дајте ни крилја“.

-Им благодарам на dm, на Игор и Весна што одлучија средствата да ги донираат во ова здружение. Ги следам акциите на dm и често сум гостин кога се прават акции и за други ранливи категории. Овие средства се значајни многу за нас, бидејќи нашето здружение не е вообичаено. Имаме многу активности што ги правиме за лицата со посебни потреби, што ги правиме бесплатно, како на пример терапевтското пливање, кое постои шесто. Сега на пролет, ќе го активираме повторно терапевтското јавање. Постојано имаме активности, иако толку транспарентно не ги пласираме во медиумите, бидејќи таква е политиката на здружението. Најважно ни е тоа што го правиме да е добро за другите – вели Ребека.

Таа додаде дека свесноста на луѓето е разбудена.

-Луѓето донираат и благодарност што постојат такви луѓе. Но, работата треба системски да се менува. А работиме и на тоа. Алијансата за ретки болести ме ангажираше да бидам претседател, а околу 14 здруженија ќе бидат членови. Се трудиме. Веројатно потребно е и време. Но, факт е дека овие лица со ретки болести немаат многу време за чекање. Тие се соочуваат со големи болки, општествени проблеми и токму од тоа би требало да се тргне во решавањето на работите. Потребен е центар за нив, каде што ќе престојуваат лица што се со посебни потреби. Треба да се изгради таква институција. Ние средствата ќе ги искористиме за сите дејности. Непрофитабилна организација сме. Сè објавуваме на сајтот, дури и завршната сметка, кој сака да погледне. Јас ова го работам од љубов. Едноставно, ќе се трудиме на најдобар можен начин да ги искористиме – потенцира Јанковска.

За оние пак што не стасаа да бидат дел од денешното отворање, од dm велат дека изненадувањата и попустите ќе траат до 12-ти февруари и тоа:

★ -15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ, па и на веќе намалените производи

★ -25% попуст на СИТЕ шминки од Max Factor, Aura и Maybelline(на што дополнително на каса ќе Ви биде пресметан попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ)

★ -25% на сите гелови за туширање (на што дополнително на каса ќе Ви биде пресметан попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ)

Сите попусти можете да ги погледнете на линкот ТУКА,

 

Бидете и вие дел од големото dm семејство!

Каква беше атмосферата и како се снајдоа Игор и Весна на каса, погледнете во продолжение:

 

*спонзорирана објава

Објавено:
9 февруари 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.944 пати