Овие намирници ќе ви овозможат сјајна и здрава коса засекогаш!

21 февруари 2014

Сакате да ја знаете тајната на сјајната и здрава коса? Почнете да водите сметка за тоа што јадете и веднаш ќе ја откриете.

Нутриционистот Дани Џејмс објаснува дека храната збогатена со витамини и други хранливи состојки ги стимулира протеините во косата, а истовремено ги штити влакната. Во продолжение прочитајте кои се намирниците што најбрзо ќе ви овозможат здрава, силна и сјајна коса. Бонус: Оваа храна е одлична и за трепките, но и за ноктите.

Интегрален ориз

Овој вид ориз е богат со витамин B7 што влијае на еластичноста на косата и ја штити од кршливост. Кога ќе почнете интензивно да консумирате интегрален ориз, полека ќе ви се обноват фоликулите на влакната и ќе го стимулирате обновувањето на ќелиите на косата, со што таа ќе стане погуста и поцврста.

Органски јајца

Јајцата се богати со цинк, сумпор и витамин B4. Сумпорот ги зајакнува влакната, а холинот ја поттикнува флексибилноста.

Смокви

Ова овошје содржи железо што ја поттикнува циркулацијата и го стимулира растот на косата. Недоволното внесување на железо во организмот е еден од најчестите проблеми со кои се соочува секоја жена кога косата ќе почне да и опаѓа, па исхраната во која ќе внесете многу смокви ќе биде брз и ефектен начин да го вратите сјајот и цврстината на косата.

Грејпфрут

Природен еликсир за вашта коса, содржи витамин Ц што е пресуден за колагенот што го штити и обновува коренот на косата.

Кељ

Овој зеленчук е богат со магнезиум и каротеноид што превентивно делува на ќелиите што ги формираат влакната на косата.

Маслинки

Маслинките во исхраната се користат веќе 1.000 годин и тоа најмногу од здравствени причини. Тие се богати со витамин Е што го зголемува протокот на крвта во фоликулите на влакното, а маслинките го стимулираат и растот и виталноста на косата. Маслиновото масло е одлично за сјајна и нежна коса што не се крши на врвовите.

Црвена зелка

Што имаат заедничко боровниците и црвената зелка? Антицијанин. Овој пигмент ја прави косата силна и отпорна и сосема ја освежува од сонцето, употребата на различни хемикалии што се наоѓаат во одредени шампони.

Објавено:
21 февруари 2014
Категорија: 
Убавина