Плетенките се апсолутен тренд и спорeд македонската мода

11 мај 2013

Кога ќе ги погледнте стајлинзите за коса од светските модни писти, сигурно ќе забележите дека и нашите дизајнери се потрудиле да бидат во тек  како со тенденциите за облека така и со оние за фризура. За овој период од годината, апсолутен хит за стилизирање на коса ќе бидат плетенките и тоа со различни форми и поставеност на главата, дури и со наједноставната плетенка ќе изгледате модерно, а ќе ви биде потребно само малку време и умешност. Но, кои се останатите трендови за коса освен плетенките кои ги генерира модата? Она што дефинитивно ќе биде шик за оваа сезона, се едноставно високо и ниско врзананата коса во коњско опавче, брановидните кадрици, пуштена коса со многу волумен која асоцира на Африка, педантно собрани пунџи со патец на страна па се до оние драматични форми на фризури надополнети со многу додатоци во косата како синџирчиња, цветови, па дури и импровизирани форми на шеширчиња формирани од сопствената коса.

Објавено:
11 мај 2013
Категорија: 
Убавина