Подароци со љубов од Cosmo Tinex дрогерии за Денот на вљубените

14 февруари 2017

На Денот на вљубените, вашите омилени Cosmo Tinex дрогерии имаат супер акција во која доделуваат супер брендирани подароци. 

Сѐ што вие треба да направите е да се фотографирате со нивната љубовна рамка во некоја од продавниците или пак да направите селфи фотографија и да ја објавите на социјалните мрежи со #cosmolove. 

Најсреќните денеска ќе добијат интересни подароци од Cosmo, а фотографирањето задолжително мора да биде направено денеска. 

Она што никако не смеете да го заборавите доколку сѐ уште не набавивте подарок за саканите е тоа дека токму во Cosmo ќе го најдете совршениот накит на Даниел Еспиноса како еден од омилените брендови на светскиот џет – сет. 

Побрзајте и направете го најубавото љубовно селфи или фотографија во некоја од продавниците и освојте вредни подароци!

Објавено:
14 февруари 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
319 пати