Пролетна фотосесија по повод 4-от роденден на Центарот Кариера Плус

4 мај 2018

Центарот за креативни курсеви Кариера Плус на 4ти Април годинава го прослави својот 4-ти роденден, а по овој повод тие направија пролетна фотосесија во која учествуваа ментори од курсот за професионална шминка, курсисти, модели од македонската јавна сцена и тимот на Кариера Плус.

Под мотото „Сега можеш сам", центарот е исто така посветен на своите курсисти да им понуди директно учество во проекти и настани кои се случуват во Македонија, каде ќе имаат можност да ги покажат и докажат своите вештини и способности.

Во рамките на пролетниот роденденски едиторијал, менторите Драган Гоцев и Марија Ленчевска заедно со курсистката Ирена Костадинова, направија избор на неколку различни мејкап фазони, што вклучуваат свеж и минималистички, но и посериозен вечерен изглед. Како модели во фотосесијата се вклучени и балерините Матеа Киселичка и Анастасија Данчевска, како и Јана Постоловска и Моника Костовска.

Неформалното образование стана основен предуслов за надоградување на формалната едукација и најсоодветен начин за практична подготовка пред остварување на работен однос. Во креативните професии овој принцип на доусовршување на талентот, но и на претпримеачките способности е особено важен со оглед на споделеното искуство на предавачи кои ги поминале сита фази на професионален развој, што го олеснува себепозиционирањето на пазарот, а Центарот Кариера Плус веќе четврта година по ред како практично ги спроведува овие значајни начела за напредок во кариерата.

Објавено:
4 мај 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
383 пати