Можеби ќе се разочарате, но за испуканите врвови не постои магично решение.
Бојадисувањето на косата, пеглањето, сушењето со фен и стилизирањето косата ги чувствува. Не мора да значи дека се од ова практикувате, но доволно е и едно нешто од споменативе да се повторува во континуитет, па да сте незадоволни од врвовите.
Во ваков случај имате два избора - или да се ишишате пократко, со што ќе ги скратите сите испукани врвови или ќе резервирате месечни термини кај фризерот во наредните неколку месеци, па постепено ќе го решавате проблемот. Исто така, ќе ви треба и агресивна превенција за состојбата да не се влошува:
-Внимателно однесувајте се кон својата коса
-Користете нежни четки и чешлајте ја косата исклучиво кога е сува.
-Користете ги шампоните и регенераторите специјално наменети за вашиот тип кожа.
-Пред два хемиски процеси што сакате да ги направите на косата, почекајте најмалку две недели.
-Косата негувајте ја длабински со маска најмалку еднаш месечно
-Користете производи за стилизирање со силикон. Тие се одлични за испукани врвови.
-Не се плашете од ножиците. Дури и кога ја пуштате косата, скратувајте ги врвовите. Пуштањето коса не значи дека не треба да одите на фризер. Впрочем, џабе ви е долга коса, ако не е квалитетна и убава.