Се што треба да знаете за целулитот

21 февруари 2014

Ретки се жените што немаат целулит. Меѓутоа, ако мислите дека скапоцените третмани ќе ви помогнат да се ослободите од овој проблем, се лажете. Дерматологот Ховард Мурад, автор на книгата „Решение за целулит“ вели дека жените не разбираат добро што точно претставува целулитот и дека тој не е поврзан со тежината и вишокот килограми.

 

Тој нагласува дека жените често забораваат дека тоа е проблем на кожата, а не дебелината. Терминот целулит се појавува во 60-те години во Европа кога салоните почнуваат да нудат волшебни решенија за кожа со набори.

Нажалост, сите скапоцени креми и третмани не можат да помогнат да исчезне кожата како кора од портокал. Што треба да знаете за целулитот и со какви заблуди се соочувате во борба против главниот непријател на женското тело.

Лосиони и креми

На пазарот постојат многу различни производи против целулит, но некои од нив дури можат да го зголемат проблемот, вели експертот Мурад. Вдлабнатините и наборите не се само надворешно, проблемите се под кожата, затоа кремите нама да ви помогнат.

Третмани во салони

Разните апарати и козметика која се користи во салоните може да го намали целулитот, но и да остави трајни последици. Според истражувања спроведени додека се пишувала книгата, некои од тие третмани создале белези, од кои клиентките никогаш не се решиле, па доживеале разочарување и изгубиле самодоверба.

Не станува збор за генетика

Без оглед на тоа што некои сметаат дека целулитот е повеќе изразен кај жените што генетски се поврзуваат со своите блиски што се склони на целулит, вистината е поинаква. Ако сте верувале во ова, тогаш избришете го од мислите. Целулитот не е генетски.

Нема поврзаност со годините

Штом целулитот почне са се појавува, време е да ги активирате мускулите за да го спречите ширењето. Затоа не е важно дали имате 16 или 36 години, зашто тој може да се појави во било која животна доба.

Единствен начин да се решите

Редовното вежбање е единствениот начин да го ублажите ако веќе не можете да го елиминирате во целост. Помага и емоционалното помирување од сопствените недостатоци, гласи заклучокот на книгата.

 

Објавено:
21 февруари 2014
Категорија: 
Убавина