Што се случува со вашиот матаболизам ако не пиете доволно вода?

11 август 2014

Сигурно досега многупати сте прочитале, а и лекарот ви кажал дека пиењето доволно количество вода има суштинско значење за вашиот организам, посебно во летните денови кога телото ослободува повеќе течности. Повеќето од нас не внесуваат доволно вода во текот на денот, а оттука треба да се запрашате зошто чувствувате замор, постојано ви се спие, кожата ви е сува, а матаболизмот ви е бавен и ви се таложат килограми иако не консумирате многу храна. Експертите советуваат дека задолжително е да се испијат три литри вода дневно и кои се предностите кај оние што пијат вода колку што навистина му е потребно на телото.

 

-Личностите што пијат повеќе вода имаат подобро здравје. Количината на пиење вода исто така игра улога во зголемувањето на имунитетот, намалување на ризикот од создавање на каменчиња во бубрезите, рак на дебелото црево, но и срцев удар.

-Потребните количества вода во организмот го забрзуваат метаболизмот. Тој ќе работи многу побрзо доколку е правилно хидратизиран.

-Оние што пијат барем осум чаши вода во текот на денот пред оброците, внесуваат дури 90 калории помалку од другите што не го практикуваат истото.

-Повеќето истражувања докажуваат дека личностите што се почесто дехидрираат се склони кон умор, збунетост, депресија и напнатост.

-Доволната количина вода во организмот исто така го спречува предвременото појавување на брчки и го освежува тенот.

Затоа во секое време и на секое место секогаш пред Вас имајте чаша вода

Објавено:
11 август 2014
Категорија: 
Убавина